«

»

Jun 11

Општина Новаци домаќин на инфо состанокот за користење на владината поддршка за развој на руралните подрачја

DSC_4382

Денеска во Општина Новаци се одржа информативен состанок помеѓу градоначалниците и претставниците од 9-те пелагониски општини и директорот и претставник од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Средбата се организира со цел запознавање и презентирање на можностите и активните програми на Агенцијата наменети за локалната самоуправа.

„Денешната средба на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја искористи за средба со градоначалниците на пелагонискиот регион.Всушност ова е една можност за сите да се запознаат со новините со мерката за рурален развој во сегментот поддршка на локалната самоуправа преку инвестиции .Градоначалниците се запознаа со понудените три мерки преку кои што Владата на република Македонија во 2013 година ќе го поддржи подобрувањето на квалитетот на живот  во руралните средини, исто така и зачувувањето и унапредувањето на традиционалните вредности во руралните подрачја.Градоначалниците изразија огромен интерес со оглед дека станува збор за специфичен начин на имплементација на мерка за програмата за финансиска поддршка.“ рече Тони Димовски,директор на АФПЗРР.

Од Агенцијата нагласуваат дека годинава голема поволност за општините е новината дека градоначалниците нема да имаат обврска да ги обезбедат претходно финансиските средства за реализација на инвестициите.

„Како сите општини така и ние скоро секоја година користиме средства од оваа програма и тоа во делот на инфраструктура, водоводи,канализациони мрежи .Сега повторно има повици и е зголемен износот за аплицирање а новина е мерката за поврзување на локални со регионални патишта и ние таму најверојатно ќе аплицираме.исто така ќе аплицираме и во мерката за развој на селата.Во првата програма ќе учествуваме со патишта а во втората за партерни уредувања како и за изработка на проекти за урбанизација на селата. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

АФПЗРР објави јавен повик за доставување барања за користење средства на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерките 322 (Обнова и развој на селата) и 323 (Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја) и мерка .Пополнетите барања треба да се достават во Агенцијата до 8 јули годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php