«

»

Jun 10

Викендов ќе се одржи традиционалната Џип турнеја во Мариово

dzip-turneja

На 15 и 16 Јуни 2013 г ќе се одржи четвртата по ред  „Џип турнеја – Мариово“ во која во период од два дена планирано e да се посетат дел од природните и културните убавини на мариовскиот крај.

Согласно програмата на турнејата, на 15 Јуни се тргнува од пред зградата на Општина Новаци и е планирано да се посетат прекрасните терени во Мариовскиот крај околу реката Белица, по што учесниците ќе ги постават своите кампови во близина на манастирот Св. Димитрија во месноста Трново во близина на селото Будимирци.

Следниот ден (16 Јуни) планирана е исто така богата програма за учесниците, по што турнејата би завршила околу 15.00 ч, со пристигањето на учесниците повторно пред Општина Новаци.

Согласно програмата за секој учесник на турнејата планирани се по три оброци, маица со лого на турнејата, богата културно уметничка програма и голем број на изненадувања.

Оваа како и претходните турнеи ќе биде организирана според сите законски прописи, односно организаторите веќе ги имаат известено сите надлежни државни институции и е обезбедена сета потребна логистика неопходна за успешно одржување на турнејата.

 

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од ова тура ,повеќе информации можат да добијат од  Здружение за запознавање и патување ,,Џип Tурнеја – Мариово“

Лице за контакт: Митко Крстевски на е-маил адресата  dzipturneja@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php