«

»

Jun 07

Се одржа четвртата седница на Советот на општина Новаци

IMG_3796

Советниците во Советот на општина Новаци денеска ја одржаа 4-тата седница на која ги разгледуваа, дискутираа и гласаа за 17 точки на дневен ред.

Седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница, а продолжи со усвојување на Одлуки за отпочнување постапка за изработка на урбанистички планови за населените места:Добромири,Бач,Далбеговци и Горно и Долно Агларци,потоа одлука за проширување и измена на распоредот на средства од Буџетот на општината,барање за реконструкција на училиштата,одлуки за утврдување приоритетни проекти за аплицирање во програмата за рурален развој и разни барања од здруженија и граѓани.

На седницата присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и дел од администрацијата која појаснуваше дел од точките на дневниот ред. Во отсуство на претседателот на советот Пецо Мицевски заради оправдани причини, со седницата раководеше најстариот советник Пецо Талевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php