«

»

Jun 07

Доделени награди за литературниот конкурс во „Хероите на Македонија во 2001“

IMG_3782

На пригодна свеченост во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ Новаци  ,Организацијата на резервни офицери на РМ ги додели награди за објавениот литературниот конкурс на тема „ Хероите на Македонија во 2001“ кој беше објавен по повод 12 годишнината од загинувањето на бранителот Пеце Матичевски  по потекло од Новаци во конфликтот во 2001 година .

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на наставниците кои успешно го организираа овој литературен конкурс и секако да им се заблагодарам на децата кои ги напишаа овие прекрасн и литературни творби кои ќе бидат објавени во новиот број на списанието „Офицер“ “ рече Милосав Стефановски,ОО на резервни офицери-Битола.

IMG_3789

„Достојно и на пригоден начин ја одбележавне оваа тажна годишнина од смртта на еден младинец по потекло од Новаци кој загина бранејќи ја татковината.Благодарност до наставниците,учениците и организёација на резервни офицери за организирањето на овој настан.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Пеце Матичевски е херој од нашата општина кој го положи својот живот за слободата на република Македонија и ние како негови сожители со гордост ќе го споменуваме и опеваме. “ рече Ана Котевска Вељановска,директор на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“Новаци.

IMG_3794

Прва награда освои краткиот есеј на седмоодделенката Ана Шурбевска која доби парична награда од 1500 денари.Второнаграден беше Благојче Стојановски кој доби 1000 денари а трета награда доби полуматурантот Ѓорѓи Стојковски кој беше награден со 500 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php