«

»

Jun 06

Започна изградбата на споменикот на Дедо Кољо војводата во дворот на општина Новаци

DSC_4278

Започна изградбата на споменикот на Дедо Кољо Добровенски,мариовско леринскиот војвода во дворот на општина Новаци.Бистата ќе биде поставена во фонтана а ќе биде направено партерно уредување со клупи, нова ограда и два нови влеза во општината.

„Започнавме со припремните градежни работи и наскоро ќе поставиме камен темелник за отпочнување со градба.Очекуваме целата активност да биде завршена до месец август.Споменикот ќе биде висок околу 3,5 метри а се гради со цел да се се обнови малку општината и да му се оддаде почит на единствениот војвода од овој крај, чиј потомок сум јас.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_4288

Изградбата на споменикот е целосно финансирана од буџетот на општина Новаци а градежните работи се очекува да завршат до месец август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php