«

»

Jun 06

Доделени 10 решенија за легализација на дивоградби во општина Новаци

DSC_4376

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска на 10 жители на општина Новаци им додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

„Досега во општина Новаци поднесени се вкупно 886 барања за легализација на дивоградби.Од нив решени се вкупно 60 барања за легализација на објекти.Во постапка се околу 88 барања за кои се доставени елаборати и сите потребни документи.Вкупниот број на донесени заклучоци за запирање на постапката за легализација на бесправно изградени објекти изнесува 740.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Постои голем интерес за легализација на дивоградбите кај жителите на општина Новаци, вели Котевски .

„Имавме еден проблем со премерувањето кое го спроведуваше Катастарот.Во еден наврат организиравме и средба на жителите на општина Новаци и претставници од Катастарот при што им беше објаснето како се спроведуваше тој процес и се надеваме дека тоа ќе биде решено. “ посочи Котевски.

Процесот за легализација на бесправно изградените објекти продолжува да тече континуирано  а комисиите за легализација постојано излегуваат на терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php