«

»

Jun 05

Ќе се градат 5 фотоволтаични централи во општина Новаци

IMG_3776

Денеска во општина Новаци се одржа јавна презентација и јавна анкета за ЛУПД за изградба на 5 фотоволтаични централи во месноста Средни Чаир,Ко Брод.

Општина Новаци важи за општина со најголем број сончеви денови во годината, па оттаму потекнува овој голем интерес за изградба на фотоволтаични централи. Централата „Мегасолар“ во с. Гермијан од 1 мегават веќе функционира повеќе од една година, завршена е процедурата за уште една централа во с. Новаци а инвеститорот ја чека дозволата од МЗШВ за пренамена на земјиштето и  отпочнување со работа.Фотоволтаичната централа на Никола Велјановски која ќе биде трета во општина Новаци.

По денешната јавна презентација ќе се изврши и јавна анкета која ќе трае 8 дена, а анкетните листови ќе можат да се доставуваат во архивата на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php