«

»

Jun 05

Одбележана 12 годишнината од смртта на Пеце Матичевски

DSC_4336

На гробиштата во Новаци се одбележаа 12 години од смртта на бранителот Пеце Матичевски родум од Новаци,кој загина во конфликтот во 2001 година на патот Гајре,Шипковица.  По тој повод Организацијата на резервни офицери на РМ на неговото вечно почивалиште постави јарбол на кој со интонирање на националната химна беше подигнато знамето на Република Македонија.

„Македонија и македонскиот народ не ги забораваат хероите кои го дале својот живот за татковината.Нема да биде заборавен ниту Пеце Матичевски.Токму затоа денеска на овој новопоставен јарбол на неговото вечно почивалиште,со сите почести ќе го подигнеме знамето на Република Македонија, знамето на државата за која Пеце Матичевски го даде својот живот “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_4333

Бројни делегации положија свежо цвеќе на гробот на Матичевски во знак на благодарност за животот и делото на овој народен херој.

„ Пеце Матичевски се запиша во историјата на македонскиот народ, стана дел од неговата борба за мир и слобода, стана народен херој.Никогаш нема да биде заборавен.Неговото дело ќе го споменуваат поколенија и поколенија. “ рече проф.д-р Ѓорѓи Маковски,претседател на Организацијата на резервни офицери на РМ.

Децата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ зедоа учество на литературниот конкурс на тема„Хероите на Македонија од 2001“кој го објави Организацијата на резефвни офицери на РМ, а литературните творби на Ѓорѓи Стојковски (трето награден),Благојче Стојановски(втора награда) и Ана Шурбевска (прва награда) ќе бидат наградени парично.

Пеце Матичевски е роден 22. 08.1978 година во Новаци. Основно училиште заврши во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци а средно образование во ДЗУ „Кузман Шапкарев“ во Битола.Краток период работел како таксист,општ работник во РЕК Битола и автомеханичар. 18 месечен воен рок служеше во касарната во Куманово.Кога започна конфликтот во 2001 година беше повикан да им служи на државата како резервен офицер 3 месеци а потоа се пријави како доброволец уште два месеци. Загина на 22 години во поставена терористичка заседа на патот Гајре, Шипковица  на 05 јуни 2001 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php