«

»

Jun 04

Градоначалникот Котевски му оддаде почит на загинатите бранители во конфликтот во 2001

IMG_3768

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со претставници од општинската администрација положија свежо цвеќе и се поклонија преда споменикот на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, кај Саат кулата во Битола.

Свежо цвеќе се положи и пред споменикот во касарната „ Ств Наумов“ во Битола.

Претставници на општина Новаци денеска учествуваат и на турнирот во мал фудбал кој се одржува во спортската сала „Младост“ во Битола.Станува збор за традиционален спортски настан кој го организира Министерството за одбрана на РМ во чест на загинатите бранители од овој регион.

Општина Новаци утре 05.06 со почеток во 12 часот организира одбележување на 12 години од загинувањето на Пеце Матичевски по потекло во Новаци. На гробиштата во родното село на бранителот на новопоставениот јарбол со сите воени почести ќе се подигне државното знаме и бројни делегации ќе му оддадат почит на овој народен херој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php