«

»

Jun 03

ЦСР Битола ќе отвора дисперзирана канцеларија во Новаци

IMG_3762

На денешната средба помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и директорката на Центарот за социјални работи Битола,Виолета Гаџовска се разговараше за отворањето на дисперзирана канцеларија на ЦСР во Новаци.

„На денешната средба ги договоривме сите подробности околу отворањето на дисперзирана канцеларија на Центарот за социјални работи.Ние како општина ќе ги обезбедиме сите потребни работи , ќе обезбедиме просторни услови, опрема и други технички предуслови со цел непречено отпочнување со работа на одделението за социјална заштита овде во Новаци “ реча градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Оваа активност е во склоп со Програмата 2011-2014 на Владата на РМ врз основа на која Министерството за труд и социјална политика спроведува активности за формирање на организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола во општина Новаци.

„ Министерството за труд и социјална политика го поздравува отворањето на дисперзираното одделение на ЦСР овде во Новаци и можам да најавам дека на свеченото отворање најверојатно ќе присуствува и новиот министер Диме Спасов.На оваа активност и претходеше изготвување на анализа врз основа на која е направен моделот на кој ќе функционира ова подрачно одделение кое најсоодветно ќе одговори на потребите на граѓаните од општина Новаци.“ рече Виолета Гаџовска, директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола.

Со реализацијата на оваа активност ќе се овозможи доближување на услугите од социјалната заштита и социјалната работа до граѓаните во местото на

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php