«

»

May 31

Јавна презентација и анкета за базна станица за мобилна телефонија

IMG_3753

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД  за изградба на Базна станица за мобилна телефонија во местото викано Брајанац- Суводол.

Инвеститор е Т-Мобиле Македонија АД СКопје а местото на кое се предвидува да се гради базната станица има површина од 120 метри квадратни, на кое ќе биде поставен 35 метри висок антенски столб поставен врз бетонски фундамент.

IMG_3755

Сите заинтересирани или засегнати лица кои имаат одредени забелешки истите можат да ги наведат во анкетните листови и да ги достават до архивата  на општина Новаци во рок од 7 дена од одржувањето на презентацијата.

Изработувач и презентер на планската програма на ЛУПД е Лидија Темелковска Костуранова од Т-Мобиле АД Скопје.

На презентацијата уредно беа поканети и пресуствуваа претставници на  ЕЛЕМ,МВР Битола, Т-Мобиле, Македонски шуми, ЕВН, Македонски телекомуникации и Агенцијата за електронски комуникации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php