«

»

May 31

Нови содржини од Културно иновативниот клуб Новаци

DSC_0024

За само неколку месеци постоење Културно иновативниот клуб Новаци подготви две театарски аматерски претстави а за летниот период плаира да реализира  богата програма.КИК е првиот клуб од овој тип формиран во општина кој е посветен на развивање на културниот живот во локалната самоуправа.

„Овој прв клуб од ваков вид во општината овозможува поголем број млади луѓе да понудат креативни идеи и содржини од областа на културата“ рече
Елизабета Јончиќ-претседател на КИК.

Младите драмски аматери се воодушевени од припремањето на самите претстави. Погледни се во огледало, е најновата претстава подготвена од нив, премиерно изведена по повод христијанскиот празник Прочка.Темата на претставата е споредба на животот на младите во 60 тите години и сега во општина Новаци, погледот и вреднувањето на нештата денес и порано.

Првата програмска активност на културно-иновативниот клуб „Новаци” новогодишната детска  претставата „Дин-дин-донг”.

Наскоро КИК ќе понуди и нов проект во кој ќе се вклучат младите од општина Новаци.

Клубот досега брои 70 членови а покрај веќе споменатите секции постои и ликовна секција за младите и талентирани  уметници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php