«

»

May 30

Ќе се започне со изработка на физибилите студија за системот за наводнување во општина Новаци

      IMG_3750                                                                                                                              

На денешниот состанок со претставниците на Поинт Про консалтинг , градоначалникот Лазар Котевски разговараше за отпочнувањето со изработка на физибилити студијата за префрлањето на системот за наводнување на територијата на општина Новаци.

„Разговаравме со претставниците на консалтинг компанијата која ќе ја изработува физибилити студијата за да може нашата општина да се приклучи на системот за наводнување.Ова е подготвителен состанок по што се излезе на терен за да се запознае фактичката состојба, можностите и да се скенираат ресурсите.Потоа ќе следи отпочнување со изработката.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На средбата се разговараше за понатамошните чекори на дејствување,можноста за фазна изградба на системот кој чини околу 4 милиони евра.

„Денеска ги разгледувавме алтернативните решенија, односно постојат 3 можности за спроведување на овој проект.Првиот е префрлање на хидросистемот за наводнување на ЈП Стрежево преку река Црна, вториот модел е искористување на цефководот кај Суводол од РЕК, а постои и алтернатива да се комбинираат овие две решенија“ рече Котевски.

Студијата ќе вклучи бројни важни анализи кои допрва ќе се изрботуваат, како на пример: можности за развој на системот во фази; можности за финансирање; очекувани социо-економски придобивки од новиот систем; очекувања на локалното население; идентификувани основни фактори на ризик на проектот; изготвување на успешен бизнис модел и финансиски план, и поставување на план за имплементација

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php