«

»

May 30

Општина Новаци ќе ги промовира одржливите земјоделски практики и руралниот развој

IMG_3746

Општина Новаци ќе соработува со невладината ЏепроСард-Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој со цел максимално искористување на капацитетите и можностите за одржлив економски развој на општина Новаци.

„На денешниот состанок разговаравме за можностите за соработка со оваа невладина органзиација која се занимава со советодавни услуги од областа на земјоделството,руралниот одржлив развој,енергетската  ефикасност, екологијата, искористувањето на обновливите извори на енергија, можноста за користење на сончевата енергија во процесот на преработка на зеленчук, можностите за финансирање во областа на обновливите извори на енергија и слично“ рече лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Невладината ЏепроСард досега организирала многубројни работилници и обуки  на различни теми меѓу кои поинтересни се:агроенергија-промоција на одржливи земјоделски практики, совети за користење и аплицирање за ИПАРД програмата, начините и мерењето на енергетската ефикасност и мерни инструменти и др.

„Ние креираме мрежа на актери во областите во кои работиме.Мрежата вклучува владини институции,невладини организации, кооперативи,претставници од приватниот и индивидуалниот сектор со цел воведување и промоција на одржливиот рурален развој. “ велат од невладина ЦепроСард.

ЦепроСард е невладина организација која ги насочува своите активности кон одржливиот развој,фокусирана е на руралниот развој со посебен акцент на локалниот економски развој, заштита на животната средина и културното наследство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php