«

»

May 29

Состанок на градоначалникот Котевски со претставници на регионалната занаетчиска комора

IMG_3743

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со претставници на Регионалната занаетчиска комора од Битола.Се разгледуваа можностите за соработка во полето на заживување на старите и изумрени занаети на територијата на оваа општина.

„Ние како општина сме постојано отворени за соработка и денеска разговаравме за воспоставување можна соработка со Регионалната занаетчиска комора од Битола, која ќе биде насочена кон организирање разни средби меѓу занаетчиите, развој и унапредување на занаетчиството, обновување на старите занаети како и соработка со други општини“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_3744

„Сметаме дека соработката со вас ќе биде на завидно ниво, па во таа насока во иднина планираме  да организираме средби со занаетчиите од општина Новаци кои сакаат да се регистрираат во нашата комора и со други лица кои се регистрирани како вршители на занаетчиска дејност“ рече Ѓорѓи Кочовски, претседател на Регионалната занаетчиска комора.

Регионалната занаетчиска комора планира организирање на еден поголем форум на кој ќе се изнесат сите можности за поттикнување на занаетчиството во општините:Битола,Новаци, Могила и Демир Хисар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php