«

»

May 29

Детски парк, партерно уредување,ограда и нови скали во училиштето во с.Рапеш

DSC_0010

Дечињата од мариовското село Рапеш покрај училиштето кое беше реновирано и повторно отворено минатата година добија и нов детски забавен парк со играчки и лулашки и партерно уредување на училишниот двор.

„По цели 25 години повторно го отворивме училиштето во рапеш кое целосно го реновиравме, а годинава за тие 6-7 деца кои посетуваат редовна настава решивме да им го средиме и училишниот двор, направивме партерно уредување, ограда, нови скали и поставивме забаен парк со лулашки и лизгалики“ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

DSC_0013

Вакви забавни паркови општината има направено во сите поголеми села и во училиштето во Живојно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php