«

»

May 28

Јавна презентација и Јавна Анкета за ЛУПД во општина Новаци

IMG_3737

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа Јавна презентација и Јавна Анкета по ЛУПД за изградба на базна станица за дигитално полициско радио за потребите на МВР во с. Живојно.

Опфатот на ЛУПД  за изградба на Базна станица за дигитално полициско радио на КП 75/7 КО Живојно има површина од 100 метри квадратни.

IMG_3741

Сите заинтересирани или засегнати лица кои имаат одредени забелешки истите можат да ги наведат во анкетните листови и да ги достават до архивата  на општина Новаци.

Изработувач  на ЛУПД е Урбан План од Тетово, кои вршеа презентација на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на базна станица за дигитално полициско радио за потребите на МВР.

На презентацијата уредно беа поканети и пресуствуваа претставниците од ЕЛЕМ,МВР Битола. Македонски шуми, ЕВН, Македонски телекомуникации и Агенцијата за електронски комуникации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php