«

»

May 28

Општина Новаци редовно добива пари од загадувањето на РЕК

IMG_0614

Новаци е една од неколкуте општини во пелагонискиот регион  која на својата сметка добива средства од еколошкиот фонд, како своевидна компензација од штетите и загадувањето  кои ги трпи од најгоолемиот производител на електрична енергија РЕК Битол кој се наоѓа токму на територија на оваа општина.
Она што пред неколку години се покрена како иницијатива, сега добро функционира, парите за загадувањето редовно ги добиваме и ги користиме за реализација на разни еколошки проекти, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„ Во тој дел Новаци многу малку добиваше, со интервенција се поправи тоа малку со нови 15 проценти. Таа формула од 15 проценти, прво беше 15 проценти од целосната сума на старт за општината каде што се наоѓа централниот загадувач, а потоа се зголеми на 25 проценти, а остатокот од 75 проценти се дели на сите според формулата што ви ја кажав” вели Лазар Котевски градоначалник на Новаци.

Парите се делат според бројот на жители, населените места и територијата на општината.
Од старт новачката општина сметаше дека за неа треба да се одделуваат повеќе средства оти таа е најблиску до РЕК Битола.

„ Парите ги добиваме редовно, а со тие пари се покренуваат еколошки проекти за чистење канализации, еколошки проекти за животната средина, бетонирање на десетиот канал, некаде завршивме околу 800 метри, за каналската мрежа, главно за еколошки проекти.” вели Котевски.

Инаку со оваа програма се опфатени и општините Могила и Битола. Вакви средства во државата добиваат и другите општини каде има големи индустриски односно стопански капацитети кои на некој начин се сместени на лисатата на загадувачи,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php