«

»

May 27

Стартуваше екстерното тестирање во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци

eksterno testiranje

Од денеска до 8 јуни во сите основни и средни училишта ќе се спроведува долго најавуваното екстерно тестирање, чија цел е да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на знаењето на учениците.

„Екстерното тестирање во ЦОУ Славко Лумбарковски во Новаци започна и заврши точно навреме, без никакви проблеми.Денеска се тестираа вкупно 93 ученици по двата наставни предмети математика и граѓанско образование.“ рече советникот за образование при општина Новаци, Мирјана Кузмановска.

Околу 200 000 основци и средношколци електронски низ државата ќе одговараат на тестови по два предмети , а со проектот се опфатени околу 15 000 наставници.Тестот трае 60 минути а учениците треба да одговорат вкупно 30 прашања.За секое прашање имаат понудени четири одговори од кои тие треба да го одберат точниот.  Надлежните органи имаат однапред изготвени тестови со 55 000 прашања по различни предмети од материјалот што се изучуваше во текот на цела учебна година.Секој ученик се тестира по два предмети.Учениците годинава во свидетелството ќе имаат по две оценки за предметите по кои ќе бидат екстерно тестирани.

Оценката која ќе ја добијат од ектерното тестирање ќе им биде наведена во свидителството покрај оценката која ја добил од ученикот од предметниот наставник. Оценките по двата предмети од екстерното тестирање ќе влијаат на вкупниот успех на ученикот. Наставниците кај кои ќе има отстапувања меѓу оценката што ја дале и онаа од тестот ќе бидат советувани, а тие со големи отстапувања ќе добијат помала плата.

 

Екстерно тестирање нема да полагаат матурантите зашто ќе полагаат државна матура и учениците од прво, второ и трето одделение кои се оценуваат описно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php