«

»

May 22

Градоначалникот Котевски на Конвенција :Како да се зголемат приносите со пченица

15

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси покрај за пченката ќе се проширува со нова земјоделска култура:пченицата.За таа цел Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството ,УСАИД и Македонската банка за поддршка на развојот и проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион организираа конференција на тема:Како да се зголемат приносите на пченица.

16

„ Центарот во овој случај се јавува во улога на институција која работи на терен и дирекно е со фармерите мапирајќи ги нивните идеи, желби и потреби.Полека прераснуваме во инфо центар и им стоиме на располагање постојано да им помагаме и да им ги разјасниме сите работи. Заинтересираноста е огромна просторот за работа со земјоделците е недоситражен работиме и со Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделито и Министерството за земјиделие “- вели Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР.

14
На конференцијата присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и многу земјоделци од ова поднебје кои се заинтересирани да се вклучат во проектот за експанзија на мали бизниси финансиран од Карана корпорацијата.

„Општина Новаци е вклучена како пилот општина во овој проект со 6 земјоделци од кои четворица произведуваат пченка а двајца индустриски доамт.Неодамна кај еден од земјоделците беше инсталиран и системот за наводунување „капка по капка“. Постои голем интерес кај земјоделците и сега се надевам дека ќе бидат вклучени во овој проект и за оваа земјоделска култура пченицата.”- рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Преку овој проект земјоделците ќе имаат можност да го осовременат производството на пченица , на одредена земјоделска површина ќе засадат сертифицирани семиња отпорни на климатски промени , ќе им  биде воведен системот капка по капка по израелски принцип, а преку следење на одредени протоколи ќе добијат поголеми приноси и сигурен пласман на нивното производство.Проектот ќе започне да се реализира следната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php