«

»

May 21

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу општина Новаци и УСАИД

IMG_3664

УСАИД и Општина Новаци ќе соработуваат за проширување на системот за наводнување и приклучување на земјоделците од оваа општина кон „ Стрежево“.Денеска беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и Карл Ларкинс директор на проектот за експанзија на мали бизниси.

„Многу им благодарам на УСАИД за нивната помош и поддршка како и за финансиските средства со кои ќе ја изработиме физибилити студијата за префрлање на системот за наводнување преку река Црна и приклучување на општина Новаци кон хидросистемот Стрежево.Тоа ќе биде голем благодет за земјоделците, а знаеме дека најголем дел од населението во нашата општина се занимава со земјоделство“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_3660

Соработката помежу потписниците вклучува поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси за подготовка на сеопфатна физибилити студија која ќе содржи бројни важни анализи,како можности за развој на системот во фази,можности за финансирање,очекувани социо-економски придобивки од новиот систем, очекувања на локалното население и слично.

IMG_3669

„Многу сум задоволен од соработката со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, во нашиот проект имаме вклучено 6 земјоделци од оваа општина а еве сега и финансиски ќе им помогнеме во изработката на студијата се со цел на земјоделците да им се обезбеди сигурен извор на вода и намалување на трошоците за наводнување, што ќе резултиура со поголем профит и можност за инвестирање и проширување на нивните бизниси. “ рече Карл Ларкинс ,директор на проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси.

Земјоделското земјиште во рамките на општина Новаци не е поврзано со системот за наводнување Стрежево кој се наоѓа во близина и покрива околу 20 000 хектари обработливо земјиште во Пелагонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php