«

»

May 20

Топол пречек за гостите во манастирот во Новаци

manastir 3

Новачани имаа ретка прилика да се претстават како одлични домаќини и да ги угостат претставниците на балканската асоцијација за алтернативен туризам кои беа нивни гости.

По традиционалниот пречек на гостите со погача и шекер гостите ја посетија црквата “Св, пресвета Богородица“ или Мала Богородица, и таму од отецот се запознаа со историјата на црквата.Потоа следуваше концерт на најмладите новачани, кои исполнија сплет од народни ора и песни.

manastir 2

На крај гостите имаа прилка да ги пробаат локалните специјатите, кои ги подготвија членките на здружението на пензионери од Новаци.

-Ова е ретка прилика да се претставиме пред оваа асоцијација, а ние тоа максимално го исполнивме да се промовираме со се она што располагаме. Тука гостите можат да уживаат во убавината на единствениот манастир кој во Македонија е во рамничарски дел, во убавите фрески и икони, а се потрудивмеи да им го разубавиме престојот со убави песни и ора. На крај секако ги нагостивме со нашите традиционални јадења кои ги приготвија моите сожителки, рече градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

manastir 5

Општината несебично го помага и градењето на помошната сала за венчавки и крштевски непосредно до манастирот.

„ Тука има иницијатива да се првата тие венчавки, кршетвски во манастирот и оваа година одвоивме околу 50 000 евра за салата таа чини повеќе но ќе бараме начин преку спознозри и донации да ја изградиме.”- вели Котвески

Инаку викендов општината ја доби првата бензиска станица на територија на општината која е голема придобивка за локалното население особено за земјоделците кои имаат многу механизација за да не патуваат со километри по гориво сега тоа им е достапно во самата општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php