«

»

May 20

Прва бензиска пумпа во општина Новаци

1

Викендов општина Новаци ја доби првата бензиска пумпа која свечено беше отворена. Бензиската пумпа е од големо значење за понатамошниот развој на општината, а најголем бенефит ќе имаат земјоделците .

„Ова е моја прва инвестиција, поголема, која ја изградив со помош на банките и градоначалникот на општина Новаци.Стигнавме до овој успех, јас сум премногу задоволен, возбуден и се надевам дека успешно ќе работиме во иднина. “ рече Ристо Коцедвски-инвеститор.

4

Фреквентоноста на патот ЕР 509, околу 2000 автомобили дневно поминуваат низ Новаци со што се очекува инвестицијата да биде рентабилна за инвеститорот.

Новачани повеќе не ќе мораат да доаѓаат во Битола само за да наточат гориво во своите возила или земјоделска механизација.

„Ова ќе биди од голема корист и благодет за земјоделците од општина Новаци бидејќи овој пат е доста фреквентен а имаме и многу возила и земјдоелска механизација , па наместо да се оди да се полни гориво во градот ние му е подостапно. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот на општината додаде дека покрај оваа има најава и за други инвестиции како од домашни така и од странски инвеститори.

„ Индустирската зона годинава се надевам да ја завршиме парцелизирана е и ќе почнеме да ја продаваме заинтересирани се за преработка на мелко, на пиперка домат, цвекло и планираме во мариовскиот дел да ги брендираме мариовското биено сирење и кашкавал. “-додаде градоначалникот

Во новата бензиска пумпа во Новаци ќе се точат сите стандардизирани горива . Бензиската пумпа е изградена по сите стандарди на површина од 1000 м2, и за почеток има само 4 вработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php