«

»

May 17

Советот на општина Новаци ја одржа третата седница

IMG_3139

На дневен ред на денешната трета по ред седница на Советот на општина Новаци, советниците разгледуваа две точки:програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2013 година и одлуката за спроведување мерки на превентивна дезинсекција и системска дератизација како посебни мерки за заштита на населението од заразни болести.

Советниците го разгледаа и Записникот и Одлуките за одржаната Втора седница на Советот на општина Новаци која се одржа на 23 април а на која имаше 42 точки на дневен ред.

Исто така пред одржувањето на седницата заседаваше Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина која го разгледуваше барањето на министерството за животна средина и просторно планирање за доставување на Програма и активнсоти за управување на животната срединаво општина Новаци  во врска со Одлуката за распределба на средствата остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2013 година.

„Пред советниците денеска се најде предлог програмата за управување со животната средина во однос на влијанието  од енергетскиот сектор и преглед за тоа како ќе се користат средствата.Планираме истите да бидат употребени за бетонирање на 10 тиот канал,чистење на канал во Новаци и Добромири,бетонирање на порој во Долно Агларци, изградба на ракометно игралиште Долно Агларци, изградба на бетонски канал во с.Маково,изградба на мини акумулација и водопоило во Живојно,израдба на пешачки мост во Градешница,изградба на брана на 10-тиот канал во Новаци, брана на паралелен канал на река Црна,изградба на водопоило во Бач,газилиште на река Елешка во с.Гермијан и изградба на атмосферска канализација во селата:Новаци,Горно и Долно Агларци и Далбеговци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Новина од Советот на општина Новаци  е воведувањето на приемни денови на советниците од Коалицијата за „ Подобра Македонија“

„Секој вторник и четврток од 11 до 14 часот во просториите на општина Новаци.Целта на оваа активност е достапност и отвореност до жителите, сослушување на нивните проблеми и изнаоѓање можности за нивно решавање. “  рече Пецо Мицевски, претседател на Совет на општина Новаци.

Советот на општина Новаци брои 9 членови, седум од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и два членови од коалицијата предводена од СДСМ.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php