«

»

May 17

Општина Новаци дел од Саемот на цвеќето во Битола

IMG_3629

Дечињата од Центарот за едукативен развој од Новаци „Бамби“ денеска учествуваше на цветното дефиле на Широк Сокак во рамките на Саемот на цвеќето „Bitola in the bloom“ кој се одржа во Битола.

Во ова дефиле учество зедоа сите детски градинки од Битола, игротеката Бамби од Новаци и Завод за рехабилитација на слух,говор и глас од Битола.

IMG_3600

Со свој штанд со цвеќиња, аранжмани и изработки се претстави и општина Новаци.

„Општина Новаци е еден од поддржувачите на оваа манифестација а секако дека ги помогнавме финансиски и нашите дечиња од игротеката за да ги изработат овие преубави маски како и штандот со кој е претставена општина Новаци.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

IMG_3621

Саемот на цвеќето се одржува во периодот 17-19 мај во Битола на плоштадот Магнолија а организатор на настанот е Битола бренд и веб порталот „Мојата убава градина“.Саемот е место  каде сите љубители на цвеќето, естетски ркеативци на едно место ќе имаат можност да видат цветно шоу, типови на градин и, идеи за уредување и слично а ќе имаат можност и да си купат по некој од изложените експонати.

Утре во 15 часот во општина Новаци во рамките на овој Саем во дворот на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица ќе се организира панаѓур на кој ќе биде претставена трпеза со традиционална македонска кујна, а се очекува да дојдат гости  од Унгарија, Бугарија,Србија, Црна Гора,Грција и Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php