«

»

May 16

Се санира патот Р 2340 Новаци-Добромири

DSC_0228

Благодарение на залагањето на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во соработка со ЈП„Македонија пат“ започна да се санира региоалниот пат Р 2340 Новаци-Добромири.

„Во соработка со Македонија пат започнавме да го санираме овој патен правец.Најпрво започнавме да ги пополнуваме  големите дупки кои беа отворени а потоа ќе настојуваме овие активности да ги прошириме па реконструкцијата на овој многу фреквентен патен правец ќе биде влезен во програмата за патишта за целосно асфалтирање и реновирање“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

DSC_0234

Регионалниот патен правец Новаци-Добромири-Добрушево-Тополчани секојдневно го користат жителите на овие населени места одејќи на работа или на училиште. Мештаните на Добромири во предизборието апелираа и бараа од градоначалникот Котевски истиот да се санира , а само по нецели два месеци нивните молби се задоволени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php