«

»

May 16

Општина Новаци започна со подготовките за достојно одбележување на 12 годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

IMG_3569

На 05 јуни во 12 часот на вечното почивалиште на припадникот на резервниот состав Пеце Матичевски со кревање на знамето на Република Македонија на ново поставениот јарбол ќе се одбележат 12 тажни и долги години од неговото загинување кај Шипковица.

На состанокот кој се одржа во општина Новаци присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на организацијата на резервни офицери на РМ, проф.др.Ѓорѓи Малковски,членот на ОО на резервни офицери Милосав Стефановски и Веселка Матичевска мајката на загинатиот резервист во борбата во 2001 година по потекло од Новаци, се разговараше за потребните подготовки за достојно одбележување на годишнината.

grob pece maticevski

„На годишнината од смртта на 5 јуни кога се навршуваа долги и тешки 12 години поминати без Пеце Матичевски сакаме да поставиме јарбол со државното знаме кое ќе биде подигнато со сите почести, на местото каде се наоѓа неговото вечно почивалиште. На овој начин сакаме да му оддадеме почит на овој голем човек кој животот го даде за ние денес слободно и во мир да живееме“, рече проф.д-р Ѓорѓи Малковски претседател на организација на резервни офицери на Република Македонија.

Исто така распишан е литературен конкурс во ЦОУ„Славко Лумбарковски“ во чии рамки учениците ќе испраќаат свои творби во поезија и проза за  ликот и делото на херојот Пеце Матичевски, кој е родум од Новаци.

Општина Новаци максимално ќе се заложи сите потребни одобренија и дозволи да се обезбедат во најкраток можен рок.

„Ние како општина максимално сме вклучени во подготовките и организацијата на одбележувањето на овој тажен настан.Целосно ќе го организираме чествувањето, а за таа цел постојано сме во контакт веќе неколку месеци наназад со семејството и организацијата на резервните офицери на РМ со цел се да биде во ред , достојно за жртвата и делото на овој млад херој.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

 

Пеце Матичевски (22) родум од Новаци заедно со Благојче Сиљанов (32)  и Влатко Миленковски (28) двајцата од Битола загинаа во заседа слична на таа кај Вејце на патот за Гајре-Шипковица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php