«

»

May 15

Свечено одбележан празникот Свети Атанасиј во Новаци

sv atanas

Денеска во Новаци се слави Свети Атанасиј.По тој повод верниците од рано наутро се упатува во селската црква која го носи името на овој светец каде се служеше  божествена литургија.Овој христијански празник е слава на секоја куќа во Новаци па секое семејство светат лепче  и да папалат свеќи за здравје и бериќет.

„Верските празници се многу важни за нас па секогаш кога имам можност ги празнивам заедно со моите сожители. Црквата во Новаци го носи името на светецот кој денеска се чествува“, рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.

Свети Атанасиј Велики бил Архиепископ Александриски. Роден е во Александрија во 296 година.Уште од детството бил наклонет кон духовниот призив и многу придонесе за побивање на Ариевата ерес и утврдување на православието.Автор е на Симболот на верата. По смртта на Александар, Св.Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски каде остана цели 40 години. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св.Атанасиј. Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php