«

»

May 14

За два месеци Добромири ќе добие модерно тениско игралиште

IMG_3563

Градоначалникот на општина Новаци Лазар  Котевски денеска излезе на терен со цел да изврши увид во текот на градежните работи при изградбата на модерното тениско игралиште во Добромири.

„ Денеска ја скенирав состојбата и текот на изградбата на модерното тениско игралиште во Добромири. Со градежниците констатиравме дека се потребни некои измени на првичниот градежен план и тие измени ќе бидат направени во следниот период.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_3561

Тениското игралиште во Добромири се очекува да биде готово за два месеци.Станува збор за едно модерно игралиште со трибини и осветлување изградено по најнови светски стандарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php