«

»

May 13

По Две децении свадба во мариовско Зовиќ

4

Зурли и тапани се слушнаа во Мариово по повеќе од две децении. Во крајот преполн со природна убавина и автентични градби, во селата скоро и да нема луѓе. Во селото Зовиќ живеат едвај дваесеттина жители. Но тоа се променивикендов.Валентин и Џенифер ја направија својата свадба во срцето на селото Зовиќ. Џенифер, која има шпанско-италијанско потекло и Валентин чиј татко е од Зовиќ, а мајка од Скопје, живеат во Швајцарија и се заедно 13 години. Кога Џенифер првпат дошла во Зовиќ, одлучиле да направат и тука свадба. Свадбата ја направија по сите обичаи. Прво се венчаа во црквата Свети Никола во селото, а потоа заминаа на веселбата каде авион пушташе летки, а масите беа полни со јадење и пиење. Се вртеше прасето, се правеше скарата. Младоженците беа возбудени.

2

-Направивме во Швајцарија, во Шпанија, сакавме да направиме и во Македонија, вели Валентин Секуловски.

-Убаво е овде, само треба да се направи патот, вели Џенифер Секуловски.

Родителите на Валентин пресреќни што нивниот син прави свадба токму во Зовиќ.

-Невестата дојде, и се допадна и сакаше овде свадба да прави, вели Јован Секуловски, татко на Валентин.

-Чувството е многу убаво, вели Трпа Секуловска, мајка на Валентин.

Роднина на Валентин точно пред 35 години овде правел свадба.

-Имам спомени, слики оттогаш, многу беше убаво, се надевам ќе продолжи, вели тој.

Градоначалникот на Општина Новаци смета дека зовичката свадба треба да стане традиција исто како и галичката, а за тоа ќе треба да се направи цела инфраструктура.

-Се надевам дека ќе стане традиција, вели Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php