«

»

May 13

Американскиот амбасадорот Пол Волерс во општина Новаци

IMG_3499

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска му беше домаќин на амбасадорот на САД во РМ Пол Волерс. Посетата се должеше на реализацијата на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во кој општина Новаци е вклучена како пилот општина со 6 земјоделци.

Проектот на УСАИД од денеска ја започна иницијативата Расти повеќе пченка како прв чекор кон  модернизирање на производството на оваа земјоделска култура во Македонија.Целта на проектот е зголемување на домашната понуда на пченка со воведување на подобри сорти семиња и нови поуспешни земјоделски практики кои заедно со системите за наводнување „капка по капка“ се очекува да ги зголеми приносите по хектар  за четири пати.

IMG_3496

„Во Пелагонија го отпочнуваме овој процес со финансирање на инсталации на системи капка по капка  за наводнување на 26 опитни полиња.Се надеваме дека други фармери од Пелагонија ќе ги посетат овие полиња за да научат како да ги користат истите техники  за зголемување на нивните приноси на пченка.Воедно се надеваме дека иницијативата „Расти повеќе пченка“ ќе има позитивно влијание не само на фармерите кои одгледуваат пченка туку и на другите бизниси во синџирот на снабдување како производителите на млеко, млекарите и прехрамбената индустрија.“ изјави амбасадорот на САД во РМ, Пол Волерс.

IMG_3505

Проектот создава партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор на локално и регионално ниво за да произведе иницијативи кои ќе им помогнат на микро,малите и средните бизниси да се развиваат.

„Голема благодарност до амбасадата на САД и УСАИД за вклучувањето на општина Новаци во овој проект од кој земјоделците ќе видат голем благодет.Исто така сакам да нагласам дека ќе ни помогнат со финансиски средства во изработката на физибилити студија за префрлање на системот за наводнување преку река Црна во новачкото поле.Станува збор за околу 10 000 евра од кои нашата општина треба да обезбеди учество од 10 %.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Високата делегација на амбасадорот Волерс и градоначалникот Котевски го посетија домот на еден од вклучените земјоделци во проектот Николче Велјановски на чија нива ќе се монтира системот за наводнување „капка по капка“.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси е четиригодишен проект кој се спроведува во Полог и Пелагонија, а општина Новаци е вклучена со 4 земјоделци кои одгледуваат пченка и двајца со индустриски домат.

Иницијативата „Расти повеќе пченка“ е поддржана од општина Новаци, Министерството за земјоделство на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php