«

»

May 08

Свечено пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Горно Агларци

DSC_3757

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во присуство на локалното население ,претседателот на Советот, советниците, државната администрација и медиумите на пригодна свеченост го пушти во употреба модерното оградено и осветлено повеќенаменско  игралиште во Горно Агларци.

„Во изминатиот период напорно работевме така што и во  Горно Агларци се изгради ракометно игралиште и детски забавен парк, а се спроведе и осветлување. Општина Новаци се грижи за своето население и се залага за подобрување на нивниот живот. Токму затоа го изградивме ова повеќенаменското игралиште за фудбал, кошарка и ракомет како и детскиот парк со лизгалки и нишалки за најмладите. Ова е голема придобивка како за младата популација која живее во ова село, но и за целото месно население“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски .

Мештаните од Горно Агларци имаа подготвено пост велигденска трпеза во чест на градоначалникот Котевски по повод оваа свеченост и на тој начин ја изразија нивната благодарност за се што тој им направил во изминатите 8 години.

20 тината деца од селото Горно Агларци ќе уживаат во благодетите на ракометното игралиште и детскиот забавен парк.

За изградба на ракометното игралиште се потрошени 1,5 милиони денари општински средства, а дополнителни  300 000 денари се одвоени за осветлување и  изградба на детскиот забавен парк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php