«

»

May 07

Мариово зафатено од невреме.Однесен тампонот на регионалниот пат Битола-Старавина

IMG_20130505_190949

Мариовскиот крај беше зафатен од силно невреме.Од поројниот дожд и град се формираа реки кои слевајќи се го однесоа тампонот поставен на регионалниот пат Битола-Старавина Р-509.Од општина Новаци велат дека во најскоро време истиот ќе се обидат да го санираат.

IMG_20130505_185821

„Ова е временска непогода, падна многу пороен дожд, имаше и град па од големото количество вода настанаа реки кои течејќи со голема брзина го однесоа поставениот тампон на регионалниот пат Р 509 кој ги спојува Битола и село Старавина. Во следниот период ќе настојуваме да го санираме овој патен правец односно повторно да го тампонираме, за да можат жителите на мариовскиот крај да се движат по иститот. “реча Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е прогнозата која метеоролозите ја најавуваат за попладневните часови.Во западниот дел од земјава се очекува поголема можност за  невреме со пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php