«

»

May 07

Лична карта, именувана улица по градоначалникот Котевски и почесен граѓанин на Далбеговци

4

Жителите на село Далбеговци го прогласија за почесен граѓанин градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, му издадоа трајна лична карта и именуваа улица која го носи неговото име  „Лазовска. “

Оваа одлука ја донесе Месната заедница Далбеговци заедно со жителите на ова село, заради големиот допринос на градоначалникот Котевски, затоа што благодарение на него Далбеговци воскресна од анонимноста, инфраструктурно се промени, културно и спортски напредна и верски соживеа со Бога.Се вброи во големите развиени населби, со визија за поубава рурална населба и среќна иднина на нејзините жители, се вели во Плакетата со која градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е прогласен за почесен граѓанин на Далбеговци.

2

„Пресреќен сум од ова признание кое ми го оддадоа жителите на Далбеговци.Се радувам што тие се задоволни од мојата работа и од она што сум го направил за нив во изминатите 8 години.Ваквите почести за мене значат поттик за понатамошна работа и уште поголемо залагање на жителите на мојата општина да им ги подобрам условите и квалитетот на живот.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_20130506_132609

Село Далбеговци како слава го празнува втор ден од Велигден а народниот собир се одржа во црквата Христово Воскресение, каде секретарот на црковниот одбор Мендо Груевски, ги наброи сите работи кои градоначалникот Котевски ги изградил во селото во изминатите два мандати:изградба и тампонирање на 1370 метри улици,оградување на фудбалското игралиште, тампонирање улици и дворови,изградба на собирна депонија, осветлено повеќенаменско игралиште,детски забавен парк,помош за изградба на црквата Св.Христово Воскресение,изградба на монтажно училиште и друго.

„За нас Лазе е како златна рипка,штом нешто затреба ги нагоруваме перјата и ете тој е тука да одговори на нашите барања.Човек кој многу ќе ве задолжи и е толку близок со своите жители“ посочи Груевски во говорот на народниот собир во црквата.

Жителите на Далбеговци побараа од градоначалникот Котевски во догледно време во согласност со финансиските можности на општината да им изгради културен дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php