Monthly Archive: May 2013

May 31

„Градиме музичка иднина“ проект за подобрување на културниот живот на децата без родители

Здружението на деца и младинци без родители од детските домови и дом семејства од Република Македонија –Скопје „Градиме иднина“ започна со реализација на проектот Градиме музичка иднина  во чии рамки е предвидено преку музичка едукација,забава и дружење да се подобри културно забавниот живот на децата и младинците без родители и родителска грижа од детските домови …

Continue reading »

May 31

Јавна презентација и анкета за базна станица за мобилна телефонија

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД  за изградба на Базна станица за мобилна телефонија во местото викано Брајанац- Суводол.

May 31

Нови содржини од Културно иновативниот клуб Новаци

За само неколку месеци постоење Културно иновативниот клуб Новаци подготви две театарски аматерски претстави а за летниот период плаира да реализира  богата програма.КИК е првиот клуб од овој тип формиран во општина кој е посветен на развивање на културниот живот во локалната самоуправа.

May 30

Општина Новаци ќе ги промовира одржливите земјоделски практики и руралниот развој

Општина Новаци ќе соработува со невладината ЏепроСард-Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој со цел максимално искористување на капацитетите и можностите за одржлив економски развој на општина Новаци.

May 30

Ќе се започне со изработка на физибилите студија за системот за наводнување во општина Новаци

                                                                                                              …

Continue reading »

May 29

Состанок на градоначалникот Котевски со претставници на регионалната занаетчиска комора

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со претставници на Регионалната занаетчиска комора од Битола.Се разгледуваа можностите за соработка во полето на заживување на старите и изумрени занаети на територијата на оваа општина.

May 29

Детски парк, партерно уредување,ограда и нови скали во училиштето во с.Рапеш

Дечињата од мариовското село Рапеш покрај училиштето кое беше реновирано и повторно отворено минатата година добија и нов детски забавен парк со играчки и лулашки и партерно уредување на училишниот двор.

May 28

Јавна презентација и Јавна Анкета за ЛУПД во општина Новаци

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа Јавна презентација и Јавна Анкета по ЛУПД за изградба на базна станица за дигитално полициско радио за потребите на МВР во с. Живојно.

May 28

Општина Новаци редовно добива пари од загадувањето на РЕК

Новаци е една од неколкуте општини во пелагонискиот регион  која на својата сметка добива средства од еколошкиот фонд, како своевидна компензација од штетите и загадувањето  кои ги трпи од најгоолемиот производител на електрична енергија РЕК Битол кој се наоѓа токму на територија на оваа општина.

May 27

Стартуваше екстерното тестирање во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Од денеска до 8 јуни во сите основни и средни училишта ќе се спроведува долго најавуваното екстерно тестирање, чија цел е да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на знаењето на учениците.

Older posts «

css.php