«

»

Apr 30

Со свеченост започнаа градежните работи за асфалтирање на патот Мегленци-Арматуш

DSC_0645

Со баклава и локум во единственото муслиманско село Арматуш под јурисдикција на општина Новаци,се означи почетокот на градежните работи за асфалтирање на локалниот патен правец во должина од  2490 метри. Проектот чини 12 милиони денари,средства обезбедени од општината во соработка со Владата на Република Македонија.

Покрај месното население на свеченоста присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,муфтијата Плуми Велиу и државната администрација , а настанот беше медиумски покриен.

DSC_0640

„Овој проблем околу изградбата на патот го имавме години наназад.Со помош на ЕБОР, СБ и Владата сега ќе го асфалтираме но не само овој пат кој е во должина од 2,5 км туку и други како што се Р-509 Мегленции – 2 км,потоа во програмата го имаме планирано патот Старавина-Зовиќ – 4,5км и патниот правец Брод- Р 120 во должина од 2 км. Сите овие ќе бидат готови за 2-3 месец.Пред извесно време беше завршена изградбата на патниот правец Рибарци -Гнеотино во должина од 5 км.Овој пат е достав важен затоа што им беше навистина потребен на овие жители ние во неколку наврати го саниравме и одржуваме но сега со асфалтот ќе видат голем благодет жителите на Арматуш кои се занимаваат со земјделство и сточарство и своите производи полесно ќе можат да ги пласираат на пазар. “ вели Лазар Котевски-градоначалник  на општина Новаци.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Жителите презадоволни од асфалтирањето на патниот правец Мегленци-Арматуш.

„ Од кога дојде градоначалникот Котевски ни ги спаси децата затоа што патуваа по 12 км дневно,од Арматуш до Дедебалци и во време и невреме, што немаат доживеано, се имаат качвано по далноводите за да се спасат од сурија волци кои ги напаѓааМногу им сме благодарни на градоначалникот Котевски што ни ги спаси децата. “ вели жител на с. Арматуш.

„Од патот очекуваме да ни се олесни работата и нас но и надецата кои одат на училиште.Прво немавме никаков пат, потоа добивме тампониран пат а еве сега благодарение на градоначалникот Котевски ќе доќекаме и асфалт“ вели друг жител на с. Арматуш.

„ Господинот Лазар Котевски како градоначалник на општина Новаци под чии ингеренции потпаѓа и селото Арматуш каде жителите се од етничка албанска припадност и верска припадност им е исламот без да се раководи од национална или веркса припадност ја заврши својата обврска како градоначалник и на ова село и овие граѓани им овозможи поквалитеттн живот.“ вели муфтијата Плуми Велиу.

 

Инвестицијата чини 200 илјади евра или 12 мил.денари. Изведувач на градежните зафати и реконструкцијата на овој локален патен правец е градежното претпријатие „Алпине“ од Гостивар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php