«

»

Apr 29

Промоција на Македонско-рускиот бизнис каталог во кој е претставена и општина Новаци

IMG_3377

Денеска напладне во Скопје во Винарскиот подрум Сковин во присуство на неговата екселенција амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија господинот Олег Николаевич Шчербак и мноштво гости беше промовиран новиот македонско-руски бизнис каталог, под наслов „ПО ЕДЕН ПАТ СО СВЕТОТ –РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА“ во кој е претставена и општина Новаци.

Станува збор за каталог кој годинава излегува по трет пат а во него се опфатени општи информации и знаменитостите на Република Македонија и на 18 општини поединечно, содржани се податоци за инвестициите во државата, електро енергенсите,рудниците и рудното богатство, винарски визби и разни други поголеми и помали претпријатија и фирми.

Едицијата има за цел да ги прикаже и збогати бизнис релациите помеѓу Руската федерација и Република Македонија. Каталогот ќе создаде простор за нови пријателства, нови патувања, нови бизнис релации и нови плодотворни активности во полето на индустријата, економијата, сообраќајот, туризмот , културата и бизнис соработка.

„Станува збор за рекламен материјал односно руски бизнис каталог  кој е испечатен во колор издание на А4 формат, при што убавините и ресурсите со кои располага општина Новаци се претставени со слики и текстуално презентирање на руски јазик.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Издавач на каталогот е Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност Елита од Скопје, а рекламниот материјал ќе биде дистрибуиран до деловните кругови во Руската федерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php