«

»

Apr 29

Велигденски панаѓур во Пензионерскиот клуб во Новаци

IMG_3371

По повод големиот христијански празник Велигден жените членки на Пензионерскиот клуб од Новаци организираа продажен„Велигденски панаѓур на пекарски производи“.Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат искористени за купување на работи потребни во клубот.

На панаѓурот присуствуваше и ги поздрави присутните градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

IMG_3365

„ Многу мие мило што гледам дека го користите пензионерскиот клуб кој неодамна го изградивме и отворивме. Ви посакувам многу вакви дружби во иднина и воедно сакам да ја искористам оваа прилика за да ви ги честитам првомајските и велигденските празници“ рече Котевски.

Како дополнителна активност беше организирана и едукативна работилница од областа на здравјето насловена како „ Јас работам со срце“ од д-р Жаклина Сирвини интернист-кардиолог .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php