«

»

Apr 26

Општина Новаци започна со изведба на патниот правец Мегленци-Арматуш

IMG_3265

Општина Новаци започна со реконструкција на локалниот патен правец Мегленци-Арматуш, во должина од 2490 метри во вредност од 12 милиони денари со средства обезбедени во соработка со Владата на Република Македонија.

„Започнуваме со реконструкција на овие патни правци една година порано од планираното во мојата изборна програма,покрај Мегленци-Арматуш наскоро ќе започнеме со реконстуирање и на регионалниот патен правец Р1311 за Мегленци во должина од 1500 метри во вредност од 7,6 милиони денари.Средствата се обезбедени од кредити од Светска Банка и ЕБОР во соработка со Влада  на РМ.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Изведувач на градежните зафати и реконструкцијата на овој локален патен правец е градежното претпријатие „Алпине“ од Гостивар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php