«

»

Apr 25

РЕК Битола ќе го асфалтира патот Новаци-Коп во должина од 11 км

IMG_3137

На средбата помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и раководството на РЕК Битола и ЈП Македонија Пат, се разговараше за асфалтирањето на патниот правец од Новаци до Копот.Целокупната финансиска конструкција за овој градежен зафат ќе ја обезбеди најголемиот производител на електрична енергија на територијата на РМ, РЕК.

„РЕК Битола со свои средства ќе го асфалтира патниот правец Новаци-Коп во должина од 11 километри а ние тоа ќе го искористиме и ќе го поврзиме патниот правец кој води до село Брод.ова ќе биде голема придобивка за жителите кои гравитираат во ова подрачје. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци на чело со градоначалникот Лазар Котевски кој го обработува својот трет мандат наскоро ќе започне со работа на изградба на патниот правец Р1311 до село Зовиќ, мариовско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php