«

»

Apr 25

Завршено е асфалтирањето на патниот правец Рибарци-Гнеотино

IMG_3270

Заврши асфалтирањето и градежните работи на патниот правец Рибарци-Гнеотино.Станува збор за делница во должина од 4100 метри за што се потрошија околу 19 милиони денари.

„Градежните работи започнаа на средината на месец март и еве по месец и половина асфалтирањето на локалниот патен правец во должина од 4 км, кој ги поврзува селата Рибарци и Гнеотино е завршен.Средствата се обезбедени од кредит на ЕБОР во соработка со Владата на РМ.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

IMG_3269

Изведувач е градежното претпријатие „ Илинден“ од Струга.Во следниот период ќе се асфалтираат патните правци Мегленци-Арматуш,Р1311-Зовиќ,с.Брод- Р 51о и со средства на РЕК Битола патниот правец Новаци-Коп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php