«

»

Apr 24

Новаци и Стрежево го завршуваат проектот за наводнување на полето

2

Проектот за префрлање на водоснабдителниот систем на Стрежево преку реката Црна, со цел наводнување на новачкото поле ќе биде готов до крајот на работната недела. Стручните служби на Јавното претпријатие Стрежево во соработка со Општина Новаци очекуваат проектот деновиве да го помине последниот филтер пред да се најде пред надлежните во Министерството за земјоделство.

 

„Проектот е веќе готов, до петок ќе биди готов ревизија е извршена сега чекаме само одобрение за да го прифатат од Министерство за земјоделие , потоа да се одобрат средствата и да започниме со работа.Ова е еден од најважните проекти и тоа не само за нашата општина , кој проект ќе опфати доста обработливи површини оддвете страни и од општина Новаци и општина Могила.Бенефитот за земјоделците ќе биде многу голем. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Еден од најважните проекти за пелагониските замјоделци изминативе децении е еден и од најскапите досега изведувани во Новаци. Пред да протече вода низ системот, според Котевски, ќе биде потребна финансиска поддршка за проектот од повеќе извори.

 

„Проектот е многу голем околу 6 милиони евра, средства кои неможат наеднаш да се обезбедат, затоа ќе се оди во фазна изработка :првата фаза е 1,5 милиони евра а средствата ќе ги бараме од МЗШВ, Владата, општината ид руги донатори и фондации.“ рече Котевски.

 

Со проектот за префрлање на хидросистемот Стрежево преку реката Црна, предвидено е да бидат покриени околу 500 хектари обработлива површина во новачкото поле.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php