«

»

Apr 24

АПРЗ и УСАИД потпишаа соработка за експанзија на мали бизниси

IMG_3311

Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството заедно со стручни лица од Израел ќе им помагаат на заинтересирани земјоделци од пелагонискиот и полошкиот регион како со помош на систем капка по капка и добри земјоделски практики да ги зголемат приносите при производство на пченка.Општина Новаци е избрана за пилот општина од овој регион.

Градоначалникот Котевски ја поздравува оваа идеја и целосно го поддржува спроведувањето на пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси“ во општина Новаци

 

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството заедно со Корпорацијата Карана преку четиригодишен проект на УСАИД ќе ги зјакнуват капацитетите на приватниот сектор во земјоделството. Денеска беше потпишано писмо за соработка по што ќе следуваат активности во правец на поттикнување на регионалниот економски развој.

Станува збор за проект за подржување на мали бизниси во производството на пченка , преку воведување на нова технологија на систем капка по капка.

 

Во целиот овој проект Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе биде вклучена преку своите советници со промовирање на добри земјоделски пракси кои заедно со системот капка по капка ќе им овозможи на производителите на пченка да добијат поголеми приноси.

 

„Значи има за цел да го поттикне зголемувањето на приносот на пченка нели имаше моменти кога цената не одговараше па немаше пласман сега значи со овој проект имаме за цел да го зголемиме приносот ако до сега од хектар се даваа од 5-7 тони по хектар со овој нов принцип има за цел да се зголеми приносот од 16-20 тони по хектар.Значи планираме во првата година воведување на систем капка по капака и имаме од Израел лице кои ќе ги обучува избраните земјоделци.”- вели Мирјана Македонска директор на проектот
Во пелагонискиот и полошкиот регион во овој пилот проект ќе бидат вклучени 44 одгледувачи на пченка кои учествуваат во оваа пилот иницијатива со земјиште од еден хектар за демонстрација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php