«

»

Apr 23

Обука за користење на ИПАРД средствата

DSCN0044

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството заедно со Бизнис Старт Ап Центарот од Битола одржаа обука за земјоделците од општина Новаци за користењето на средствата од ИПАРД програмата.

Обуката беше дел од проектот „Преку синергија и трансфер на знаење, обуки и поддршка до сопствен бизнис“ на Министерството за економија на РМ а имплементиран од Бизнис стартап центарот од Битола.

Учесниците се здобија со информации за иницијативата и реализацијата на ИПАРД проектите како и појаснување за многубројните аспекти на оваа програма.

Обуката ја држеа искусни советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на интересни теми за кои е потребено понатамошно надоградување особено во делот  на подготовка на проекти и придружни документи.

Целта на проектот проектот „Преку синергија и трансфер на знаење, обуки и поддршка до сопствен бизнис“ е поддршка на постоечките микро и мали претпријатија во општините:Могила,Новаци и Демир Хисар со цел одржлив развој и зголемување на нивната конкурентност на национално ниво .

Улогата на БСЦ од Битола во реализацијата на овој  проект е овозможување на услови во овие три општини за мобилизирање на постоечките капацитети кои би можеле да имаат големо влијание за подобрување на економската ситуација во Пелагонискиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php