«

»

Apr 23

Втора седница на Советот на општина Новаци

IMG_3321

Денеска во просториите на општинската зграда во Новаци се одржа втората седница на новиот состав на Советот на општина Новаци.Советниците расправаа за 29 точки на дневен ред и околу 12 останати барања и дополнувања.

На Седницата на Советот на општина Новаци присуствуваше и градоначалникот Лазар Котевски.

„На денешната седница пред советниците беше претставен и усвоен тримесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци, беа донесени неколку одлуки и тоа за одобрување приоритет  на проектот за добетонирање на коритото на 10-тиот канал,за прочистување на одводни и доводни канали во новачкото поле, чистење на каналот во местото Чаир,уредување-реконструкција на полски патишта за неколку села,одлука за реконструкција на водоводот 5 чешми,изградба на мост во с.Градешница, изградба на фекална канализација во селата:Добромири,Бач,Гермијан и Рибарци и многу други проекти. “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

На дневниот ред на денешната седница се најдоа и неколку барања за печатење на книга, туристички водич за општина Новаци, барање од Културно уметничкото друштво Новаци за патување во Хрватска,за реконструкција на училиштето  во с.Зовиќ и негова пренамена во планинарски дом, барање за изградба на капела при храмот Свети Атанасиј во Новаци и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php