«

»

Apr 22

Здружението пензионери од Скопје во посета на општина Новаци

29

Градоначалникот на општина Новаци и неговата сопруга беа домаќини на дваесеттина членови на Здружението на пензионери од Скопје кои дојдоа во посета на општина Новаци.Го посетија преубавиот манастир Рожденство на Пресвета Богородица и неодамна отворениот пензионерски клуб.

„Најпрво сакам да ви се заблагодарам на вашата посета.Вие сте секогаш добредојдени и се надевам дека соработката ќе ја продолжиме и понатаму.При следната ваша посета ќе организираме разгледување на манастирот во Паралово.Ваквите посети се промоција на нашата општина а и вие имате можност да видите нешто ново, нешто што досега го немате видено. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„мајка Македонија такви градоначалници да раѓа.Само со такви луѓе Македонија ќе има успех.Му благодариме на градоначалникот Котевски за топлото добредојде и гостопримливоста“ рекоа од Здружението на пензионери од Скопје.

Градоначалникот Котевски на пензионерите од Скопје им вети при следната посета организирано разгледување на манастирот во Паралово и спиење во манастирските конаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php