«

»

Apr 22

Владините пари за рурален развој добредојдени за општина Новаци

mariovo 1

Со цел што повеќе од селата во земјава да се развиваат, а дел од нив и да се обноват, Владата ќе го помага развојот на инфраструктурата во руралните средини, а на тој начин ќе се зачуваат и традиционалните македонски вредности.

Два и пол пати повеќе средства од минатата година, или околу 4,5 милиони евра, ќе бидат одвоени за проекти за подобрување на животот на граѓаните од руралните средини. За Општина Новаци, која во најголем дел е рурална, ваквата владина мерка е од огромно значење за натамошниот развој, истакна градоначалникот Лазар Котевски.

Општините по овие проекти ќе можат да аплицираат од наредниот месец, а средствата за кои една општина може да аплицира, не смеат да бидат повисоки од 200 милиони денари.

„ Со обмислени проекти за развој на руралните средини, општините од земјава ќе можат од мај да аплицираат за пари кои за инфраструктурни проекти од буџетот ќе ги одвои Владата која најави дека ќе покрие 100 проценти од вкупната вредност на проектот. На овој начин, се поттикнува обновувањето на домовите на иселениците кои ги има во голем број во мариовскиот крај, а исто така, со подобрата инфраструктура, расте и интересот за инвестирање. “ рече Лазар Котевски.

Според владините најави, општините на чија територија има рурални населени места, можат да аплицираат за поврзување меѓу две или повеќе села во должина од 5 километри, како и за поврзување на села со регионален пат или град во должина од 7 километри. Исто така, финансиски ќе се поддржуваат и проекти за унапредување и зачувување на традиционалните вредности во овие подрачја, кои на територијата на Општина Новаци го има во голем број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php