«

»

Apr 19

Прво место за Анѓела Јончиќ од Новаци

DSC_0039

Осмоодделенката Анѓела Јончик од ЦОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци освои прво место на литературно-рецитаторскиот конкурс кој го организираше ОУ „Тодор Анѓелевски“ од Битола по повод патрониот празник.

На конкурсот со свои литературни творби учествуваа ученици од основните и средните училишта од Битола и регионот а за најдобра беше прогласена онаа на Анѓела.

Анѓела Јончиќ е една од најталентираните и најактивните ученици.Ова не и е прва награда и учество на вакви слични конкурси а е член и на Културно иновативниот клуб „Новаци“ од Новаци каде учествуваше во двете аматерски театарски претстави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php