«

»

Apr 18

Се одржа 13 тиот традиционален планинарски марш во Мариово

mars zovik

По повод 7 април, денот на здравството, во организација на Планинарското друштво “Медикус“ од Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“, се одржа традиционалниот 13. планинарски марш низ Мариово. Бидејќи на 7 април беше вториот круг на гласањето на локалните избори, маршот се одржа на 14 април на релација Рапешки мост – село Зовиќ и назад. На него  учествуваа околу 300 планинари и љубители на природата од Битола и од околните градови, како и од Грција.

Со неколку автобуси и комбиња учесниците на маршот беа превезени од Битола до мостот кај селото Рапеш, а оттаму мал дел по течението на Црна Река, која заради обилната вода го имаше преплавено трасираното патче. Планинарите се префрлија по околните ридови за околу 11 часот да пристигнат во селото Зовиќ.

Таму најпрво беше разгледан атрактивниот мост, а потоа за сите нив беше сервиран ручек, топло гравче. По кусиот одмор планинарите од различни релации одново се вратија до мостот кај селото Рапеш од каде со автобусите беа вратени во Битола.

Дел од учесниците ги посетија и манастирот Чебрен, а повеќето од нив уживаа во природните убавини и знаменитости што ги има во околината на селото Зовиќ.

Маршот помина без никакви проблеми и потешкотии и долго време ќе им  остане во сеќавање  на сите учесници, а најповеќе на оние кои за првпат имаа прилика да престојуваат во овој дел на Мариово.

Интересно е што десетина ве-лосипедисти на маршот учествуваа од Битола до Зовиќ и назад во вкупна должина од 100 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php