«

»

Apr 17

„Вештини за изработка на анализа“-трета Обука во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

treta obuka

Продолжуваат обуките во рамките на проектот „Воведување и спроведување на лидер пристапот во Пелагонискиот регион”. На обуката претставниците на невладините организации, приватниот и државниот сектор учеа за вештини за спроведување на проценка и анализа на локални заинтересирани страни.

„Целта на оваа обука е учесниците да се запознаат со терминот засегнати странки,зошто е потребна анализата на заинтересираните страни при изработување на стратегии или аплицирање на проекти.Преку денешните вежби ќе се обидеме на учесниците да им ги претставиме алатките кои се користат при оваа анализа и како да ги вклучат односно да ги мобилизираат заинтересираните страни во овој процес.Ние и понатаму ќе продолжиме со зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни кои учествуваат на нашите обуки со цел да стекнат знаење за имплементирање на проекти и изработка на стратегија како потенцијална локална група.“ изјави Владимир Величковски, Центар за развој на пелагонискиот плански регион.

Овие обуки се дел од првата фаза, а денешната е трета од вкупно четирите.

„Оваа фаза ќе резултира со регистрирање на ЛАГ со што ќе се создадат услови за втората фаза од проектот каде што ќе се фокусираме на пишување на стратегијата. До крајот седува уште една обука во секој од микрорегионите , поселе тоа ќе има координативни состаноци на кои ќе се одредуваат членовите на локалната акциона група “ изјави Величковски.

Заинтересираноста од сите сектори во битолскиот микрорегион е голема на секоја обука, велат од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.Општина Новаци е дел од секоја обука на оваа тема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php